Search

Шести ден по ред коронавирусот „ги урива” светските берзи

–  Шести ден по ред на светските берзи продолжува агонијата на пад на цените на акциите бидејќи брзото ширење на коронавирусот влијае врз инвеститорите да почнат да распродаваат различни активи и своите вложувања да ги насочуваат кон сигурни пласмни, како златото и државните благајнички записи.

Паневропскиот индекс СТОКС 600 денеска опадна за четири отсто и официјално влезе во таканареченото поле на корекции, бидејќи веќе загуби повеќе од 10 проценти од вредноста во однос на своето рекордно ниво забележено на 19 февруари минатата година, извести Си-Ен-Би-Си.

Индексите на Франфуртската, Париската и Миланската берза, исто така, се најдоа во зоната на корекција.

Германскиот ДАКС денеска потона за 4,32 отсто, италијанскиот ФТСЕ МИБ за 3,93 отсто, а францускиот КАК 40 забележа загуба од 4,61 отсто. Индексот на Лондонската берза ФТСЕ 100, исто така, е во пад од 4,38 отсто.

Нервозата заради коронавирусот продолжува да го тресе и американскиот пазар на капитал.

На Волстрит индустрискиот индекс Дау Џонс опадна за над 500 поени, или за два отсто, S&P  се намали за 1,88 провенти, а во минус отиде и Насдак за 2,33 отсто.

Треба да знаете
Последни објави