Search

Шестиот скопски цветен фестивал го збогатија  деца од Кисела Вода

Шестиот скопски цветен фестивал што се одржа изминатиов викенд во градскиот парк во Скопје го збогатија  деца од двете јавни детски градинки и општинските основни училишта од Кисела Вода.

Децата беа дел од големото цветно дефиле кое тргна  од просториите на Град Скопје и се движеше низ градскиот парк.

Тие имаа можност да видат разни видови на цвеќиња и да научат нешто повеќе за нив.

Училиштата и градинките од градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов добија благодарници за учество и придонес на фестивалот.

Манифестацијата „Скопје цвета” што се одржа под покровителство на Градот Скопје, а во организација на ЈП „Паркови и зеленило” покрај едукативниот дел испрати порака до сите граѓани за зачувување на животната средина.

Треба да знаете
Последни објави