Search

Шестата заедничка седница на албанската и косовската влада без присуство на премиерите

Во Тирана денеска одржана е шестата заедничка седница на албанската и косовската Влада, која претходно беше планирано да се одржи во Скадар.

Но, за разлика од досегашните средби, со кои претседаваа премиерите, денешната беше одржана под раководство на вицепремиерите,Ерјон Браче на албанската и Фатмир Лимај на косовската Влада.

Според дел од медиумите неприсуството на премиерите Еди Рама и Рамуш Харадинај се поврзува со препукувањата еден со друг во врска со дискусиите на Самиот за Западен Балкан неодамна одржан во Берлин.

Албанскиот вицепремиер, Браче истакна дека двете земји работат на заеднички пазар, нарекувајќи го огромен предизвик за гранично управување.

-Ние работиме напорно за да создадеме заедничка економска зона во регионот. Царинската испостава на Република Косово во пристаништето во Драч беше дамнешна амбиција на нашите две влади. Управувањето со границите е сложено прашање, речиси предизвик, но ако соработуваме и ја координираме работа преку нашите структури, предизвикот станува многу повеќе спроведлив.

Неговиот косовски колега Фатмир Лимај рече дека министрите добиле задача за еден месец да ја завршат работата и да започнат со спроведување на заедничките цели.

– Од четирите договори што ги постигнавме на состанокот на двете влади во Пеќ постигнавме одреден напредок. Јуни треба да биде краен рок за спроведување и започнување на имплементацијата на договорите постигнати во Пеќ,рече Лимај.

Во Пеќ беа потпишани девет договори, но главните се оние за укинувањето на цените за роаминг услугата, почнувајќи од први јули годинава, заедничка царинска контрола на преминот Морина-Врмица,

Првата задничка седница албанската и косовската Влада ја одржаа во 2014 година во косовскиот град Призрен,кога премиер беше Иса Мустафа,втората во Тирана,третата во Приштина, четвратта во Корча и Валона,на 27 и 28 ноември кога се одбележува Денот на албаското знаме,додека петтата во Пеќ на крајот од ноември минатата година.

Треба да знаете
Последни објави