Search

Шер на 72 години: Се чувствувам како малку постара тинејџерка

Шер е прогласена за божица на поп музиката уште во далечните 60-ти кога ја почна кариерата, но и пет децении подоцна уште цврсто се држи на сцената. Таа во повеќе наврати има изјавено дека се чувствува детинесто и тинејџерски.

Познатата пејачка откри како ја одржува завидната фигура – на 72 години вежба повеќе од кога било.

„Многу сум детинеста како личност, можеби тоа помага во целокупниот изглед. Не сум глупава, едноставно не се сметам за возрасна личност. Се чувствувам како малку постара тинејџерка“, вели таа и додава дека ни своите пријатели не ги доживува како возрасни и смета дека нејзината душа уште е многу млада.

„Сакам торти и слатки, но морам да ги ограничам бидејќи треба да ме собере во костимите за настап. Внимавам што јадам, тоа не ме радува многу, ама мора така.“

Треба да знаете
Последни објави