Search

Шерон Стоун откри дека ја удрил гром додека пеглaла

Пред извесно време Шерон Стоун завршила на подот од својата кујна откако била погодена од гром додека пеглала.

62-годишната актерка тврди дека незгодата се случила поради молскавица која предизвикала краток спој во фрижидерот.

Во разговор со Брет Голдстејн во еден од неговите поткасти таа се сети: „Ја полнев пеглата со вода. Едната рака ми беше на чешма, а со другата ја држев пеглата. Бев отфрлена наназд, со главата удрив во фрижидерот и паднав во несвест.

За среќа, мајка ми видела што се случува и успеала да ме освести со шлаканици по лице.

И речиси 10 дена по инцидентот, Стоун морала да оди на ЕКГ (електрокардиограм) за да провери дали има струја што ѝ продира низ телото.

Ова не е првпат актерката да се соочи со смртта.

Таа имаше сериозна здравствена криза во 2001 година кога доживеа мозочен удар, со минимални шанси да преживее. Актерката ги повика жените да одат во болница ако имаат јака главоболка.

Треба да знаете
Последни објави