Search

Шериф на Николов има ново инспиративно гостување на „Џузепе Меаца“

Со осум натпревари, по два од групите од А до Д, денеска продолжувааат возбудувањата во најквалитетното фудбалско клупско натпреварување на евро-сцената Лигата на шампионите. Вечерашното трето коло од групната фаза за некои екипи ќе биде последна шанса да фатат приклучок во трката за првите две позиции кои носта пласман во осминафиналето.

Молдавскиот првак Шериф за кого од оваа сезона настапува македонскиот репрезентативец Бобан Николов е најпријатното изненадување по двете одиграни кола во групата Д, каде апсолутни фаворити беа и остануваат шпанскиот Реал Мадрид и италјанскиот Интер. Тоа не беше проблем Шериф по две кола да е лидер во групата со две победи и тоа една токму во Мадрид на „Сантијаго Бернабеу“ на гостувањето кај најтрофејниот со 13 евроспки круни Реал. Шериф вечерва е пред ново инспиративно гостување кај актуелниот италијански првак Интер. Колку ова им значи на играчите од молдавскиот шампион покажаа самите кои при првото излагување на „Џузепе Меаца“ сите се однесуваа како туристи со телефоните во раце овекувајќи го ова нивно гостување на култниот стадион.

 

Интер е фаворит и со императив да ги освои трите бида за да остане во трката за првите две позиции кои водата во осминафиналето, но тоа ќе треба да го покаже на теренот, бидејќи по две кола има освоено само еден бод, а Шериф покажа дека знае да биде незгоден.

 

Градскиот ривал на Интер, екипата на Милан има уште полош старт без освоен бод во рамките од групата „Б“. „Росонерите“ му гостуваат на португалскиот Порто, а во дербито на стадионот „Ванда Метрополитано“ во Мадрид, Атлетико ќе ги одмери силите против Ливерпул.

Група „А“

18.45 часот Клуб Бриж – Манчестер сити
21.00 часот ПСЖ – Лајпциг

Табела: ПСЖ 4 бодови, Клуб Бриж 4, Манчестер сити 3, Лајпциг 0.

Група „Б“

21.00 часот Атлетико Мадрид – Ливерпул
21.00 часот Порто – Милан

Табела: Ливерпул 6 бодови, Атлетико Мадрид 4, Порто 1, Милан 0.

Група „Ц“

18.45 часот Бешикташ – Спортинг
21.00 часот Ајакс – Борусија Дортмунд

Табела: Ајакс 6 бодови, Борусија Дортмунд 6, Бешикташ 0, Спортинг 0.

Група „Д“

21.00 часот Интер – Шериф Тираспол
21.00 часот Шахтјор Доњецк – Реал Мадрид

Табела: Шериф Тираспол 6 бодови, Реал Мадрид 3, Интер 1, Шахтјор Доњецк 1.

Треба да знаете
Последни објави