Search

Шенахан: Потенцијалот на Иран за напад е „ставен на чекање”

Американскиот министер за одбрана Патрик Шенахан изјави денеска дека иако во регионот се уште постои закана од напад од Иран, Американците го „ставиле на чекање” потенцијалот на Иран за тие напади и да ги спроведе.

– Мислам дека нашите чекори беа многу мудри и го „ставивме на чекање” потенцијалот за напади на Американци и тоа е она што е најважно, изјави Шенахан пред новинарите во Пентагон.

– Би кажал дека сме во период во кој заканата и натаму е голема и наша работа е да се погрижиме да нема погрешна пресметка од иранска страна, дополни американскиот министер.

Треба да знаете
Последни објави