Search

Шекeринска кон Николовски: Безобразно лажете затоа сте единствен политичар демантиран од ООН

„Вие сте единствениот политичар кој е демантиран од страна на Организацијата на Обединетите Нации. Не само што манипулирате, најбезобразно лажете. ООН вели дека тие никогаш не дале проценка на владини мерки за справување со корона вирусот. А кој политичар даде изјава, единствен политичар кој зборуваше дека ООН реагирал бевте вие. Вие може да тврдите дека не сте споменати во реакцијата на ООН со име и презиме, но на сите им е јасно дека демантот беше за вас.“- му се обрати министерката за одбрана Радмила Шекеринска на Александар Николовски од ВМРО ДПМНЕ на телевизискиот дуел на Тв 24.

Таа продолжи со аргументите против ВМРО ДПМНЕ, партијата која покажа крајно деструктивно однесување во време на здравствена и економска криза.

„Ниту ве интерсираат инвестиции, ниту здравство, ниту економија, ниту пандемија, ниту пак се грижите за државата. Единствено сакате да и ги врзете нозете и рацете на државата за таа да не мрда и вие да остварувате партиска агенда, не ве интересира ништо друго.“- му се обрати Шекеринска директно на Николовски.

Треба да знаете
Последни објави