Search

Шекспирoва збирка драми достигна рекордни 10 милиони долари на аукција

Копија од Првото фолио на Вилијам Шекспир е продадена за рекордни 9,98 милиони американски долари на аукција во Њујорк.

Книгата од 1623 година, објавена седум години по смртта на бардот, е прво издание на збирката на негови драми, која современите критичари често ја нарекуваат Прво Фолио.

Првото фолио содржи 36 драми.

Постојат околу 235 примероци од оваа книга, но се знае дека само неколку комплетни верзии се во приватни раце.

Изданието продадено во средата е првата комплетна копија што се продава на аукција од 2001 година, кога друга копија достигна цена од 6,1 милиони долари – претходен рекорд.

Книгата ја продаде колеџот Милс во Оукленд, Калифорнија, приватен колеџ кој ја поседуваше од 60-тите години на минатиот век. Идентитетот на купувачот не беше веднаш познат.

Треба да знаете
Последни објави