Search

Шекил е убеден: Мојот Лејкерс ќе го прегазеше овој Голден Стејт

Голден Стејт Вориорс неколку сезони доминира во НБА лигата, а најдобар доказ за тоа се трите освоени титули во последните четири кампањи во најквалитетниот кошаркарски шампионат на светот.

Меѓутоа од ова не е импресиониран еден од најдобрите, најдоминатните центри во историјата на НБА лигата, Шекил О’Нил кој верува дека неговите ЛА Лејкерс од периодот од 2000 до 2002 (три титули во низа) лесно би ги победиле сегашните „воини“ од Оукленд.

– Мислам дека лесно ќе победевме. Други луѓе можеби се чувствуваат поинаку. Тие (Голден Стејт) може се чувствуваат поинаку. Но ние имавме еден од најдобрите тимови на сите времиња во 2001 година кога имавме 15-1 во плејофот. Ќе имавме и 16-0, ама Ален Ајверсон отиде на нас и го „прегази“ Тајрон Лу, – истакна Шекил.

Во тој силен тим на Лејкерс освен Шек беа Брајант, Фишер, Фокс, Хори, Харпер, Лу, Шо…

Треба да знаете
Последни објави