Search

Шекеринска 6 пати ги намали трошоците во однос на претходниот министер од ВМРО-ДПМНЕ

Во моментите кога нашата држава брои заразени и починати од коронавирусот и се бори со сите сили да го запре неговото ширење, една политичка партија си тера своја агенда.  ВМРО-ДПМНЕ од својата лабораторија за лажни вести пушта приказни за наводни големи трошења на министрите за одбрана и за надворешни работи, што се разбира не е случајно туку е смислена пропаганда со цел да се минимизираат двата капитални успеси на оваа влада и министрите во чии ресори се одвиваа активностите за зачленувањето на државата во НАТО и отворањето на преговори со ЕУ.

Откако вчера видоа дека кажале обвинување кое сите гледаат дека е лага, денес излегоа со нови, изменети конструкции. Ги потсетуваме ВМРО-ДПМНЕ  дека  оваа влада сите вакви трошоци на министрите јавно ги објавува, за разлика од нивната Влада која ги направи класифицирани.  Преку сегашните интернет алатки за отчетност и транспарентност можат да најдат се што ги интересира.

Но, откако ќе ги најде ВМРО-ДПМНЕ трошоците на министерката за одбрана преку владината алатка за отчетност и транспарентност, им предлагаме заедно со тие трошоци да ги објават и трошоците на претходниот министер за одбрана од редовите на нивната партија. Кога се отворени барем нека бидат докрај отворени. Ако сме транспарентни, да бидеме сите транспарентни.

Еве да им помогнеме: За две години сегашната министерка за одбрана Радмила Шекеринска потрошила 6 ПАТИ ПОМАЛКУ од НИВНИОТ министер за одбрана Зоран Јолевски за ист толкав период.

ВМРО-ДПМНЕ како познати љубители на пари треба да ги знаат овие податоци пред да влегуваат во кампања со цел со лаги да добијат ситни политички поени.

Би било одлично ВМРО-ДПМНЕ да му честита на народот за двете големи достигнувања членството во НАТО и преговорите со ЕУ, наместо да се затвора во белата палата и да смислува деструктивни сценарија сега кога водиме беспоштедна битка со една стихија која се заканува да  нанесе најголеми штети по животот и здравјето на луѓето.

Треба да знаете
Последни објави