Search

Шекеринска: 2020 е тешка година, ама 2020 ја направивме да биде историска година, станавме членка на НАТО и почнуваме преговори со ЕУ

За 2,5 години успеавме државава да ја направиме членка на НАТО, за 2,5 години успеавме нашето знаме да се вее покрај најмоќните знамиња на најмоќните држави. Денот кога јас можев да го видам премиерот Заев како седи на иста маса со Трамп, со Макрон, со Меркел, со Џонсон со сите први луѓе во светот беше ден кога реков и тој трагичен 27 Април имаше зошто да се случил.
Премиерот Заев рече „Ако не е тешко и мачно нема да биде величествено” Епа ова беа, ги истуркавме тешките и мачни прашања за да тој ден, за да на 27 Март се чувствуваме величествено дека сме завршиле нешто за што сите следни генерации ќе ни бидат благодарни.
2020 ќе остане тешка година, ама 2020 ја направивме да биде и историска година, во иста година стануваме членка на НАТО и почнуваме преговори со ЕУ. Ако ве прашуваат кога преговорите ќе почнат дајте им го најточниот одговор.
Преговорите со ЕУ ќе почнат тогаш кога сите и дома и во Брисел ќе бидат сигурни дека на 15 Јули сме ја донеле вистинската одлука, кога ќе бидат сигурни дека како држава можеме и повеќе и подобро. Затоа ве викаме да гласате за бројот 3.
https://youtu.be/amOzRgMOnwA
Треба да знаете
Последни објави