Search

Шекеринска се сети на Охрид после три години, во меѓувреме МОЖЕШЕ, но не направи ништо

Соопштение до јавноста-реакција на изјавата на Радмила Шекеринска

„Шекеринска во 2016 година ветуваше кули и градови, потоа три години никој не можеше да ја види, за сега пак да се појави на реконструкција на улица и да зборува за некои големи капитални инвестиции. Три години не направија ништо за Охрид освен што го заборавија и запоставија. Три години не фрлија ниту една лопата на автопатот Охрид–Кичево. Во Охрид дозволија да владее партиско-урбанистички хаос кој го загрозува статусот на градот и езерото во УНЕСКО.

Таа ветуваше дека ќе го спречи иселувањето , па дури и дека ќе ги враќа младите назад. Напротив со лошите економски политики уште повеќе ги фрлија граѓаните во сиромаштија и бесперспективност.

Очигледно Шекеринска се сеќава на народот само пред избори и им ги нуди истите препакувани лаги од 2016–та година. Во меѓувреме владата на СДСМ, Шекеринска и Заев МОЖЕШЕ но не направи ништо за граѓаните.

СДСМ, Шекеринска и Заев покажаа дека можат единствено повеќе криминал, можат повеќе корупција и можат само порази. Да ставиме крај на виткањето кичма. Исправи се Македонијо! Одбери обнова!“

Треба да знаете
Последни објави