Search

Шекеринска се надева дека приемот во НАТО нема да ги одложи превремените парламентарни избори

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска денеска изрази надеж дека приемот на нашата држава во НАТО нема да влијае на најавените предвремени параламентарни избори.

Одговарајќи  на новинарско прашање, дали изборите може да бидат одложени, Шекеринска потенцира дека одлуката е донесена, има консензус и се работи на тоа изборите да бидат на 12 април.

Го прифаќам ставот на многумина кажан на лидерската средба, рече, дека 30 години работиме на два стратешки приоритети членство во НАТО и во ЕУ.

– Овие приоритети се над се останато. Апсолутно сметам дека треба да напаравиме се што е во наша моќ навреме да се завршат постапките пред парламентарните избори и очекувам и се надевам дека тоа ќе се случи, порача денеска министерката Шекеринска, која беше во посета на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски”, во касарната „Гоце Делчев”.

Членството во НАТО, оцени таа, е успех број еден и ништо не смее тој успех да го загрози. Затоа, посочи Шекеринска, Владата носи потези кои само не приближуваат кон НАТО.

– На овој Парламент мораме да му ја дадеме шансата да го заокружи процесот со успех. Не беше лесно да се биде пратеник во последните две и пол години. Се носеа тешки одлуки, се носеа одговорни одлуки и сега тие одлуки ќе бидат крунисани со остварување на овој голем државен успех. Северна Македонија станува членка на најмоќната воено-политичка Алијанса, изјави министерката за одбрана Радмила Шекеринска.

Треба да знаете
Последни објави