Search

Шекеринска: По завршување на сите процедури ќе биде поставен воен претставник во НАТО

Се уште не се завршени сите процедури и затоа не е поставен воен преставник во Мисијата на Северна Македонија во НАТО, изјави министерката за одбрана Радмила Шекеринска одговарајќи на новинарско прашање.

Процедурите за поставување, рече таа, се долги не само од наша страна, туку и од страна на НАТО.  На ова, според неа, се должи доцнењето на поставувањето на преставник во Мисијата.

– Меѓутоа, ние постојано имаме заменик воен претставник којшто ги има сите права, рече Шекеринска, додавајќи дека кога ќе бидат завршени сите процедури ќе биде назнаечен и воен претставник  во Мисијата на земјава во НАТО.

Треба да знаете
Последни објави