Search

Шекеринска од Пробиштип: НАТО е гаранција за нашиот суверенитет, граници и идентитет, го остваривме сонот од осамостојувањето

За само 2 години успеавме да го постигнеме невозможното, ние сме де факто 30та членка на НАТО. Членките на Алијансата ги поздравија нашите реформи и порачаа дека сме направиле чудо. Од заробена држава, од држава со упад во Собранието која немаше извесна европска иднина ние ќе седиме рамноправно на иста маса со сите земји членки на НАТО, рече заменик претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска на граѓанската трибина на СДСМ „На прав пат” во Пробиштип.

НАТО не значи само безбедност, членството во Алијансата значи гаранција за нашиот суверенитет, граници и идентитет значи остварување на главната стратешка цел од осамостојувањето. Со членството во НАТО се отвораат и пазарите. Само со поканата за влез во НАТО имаме 4 пати повеќе странски инвестиции, отворивме над 50 илјади нови работни места. Затоа овде од Пробиштип тврдам дека сме на прав пат, дека граѓаните се одлучни и дека заедно продолжуваме на прав пат, заклучи заменик претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска.

 

Треба да знаете
Последни објави