Search

Шекеринска од Македониум: Имаме преговарачка рамка со ЕУ, тоа е успех и македонштина а не празни ветувања!

Вечерва пред Македониумот во Крушево, заменик претседателката на СДСМ – Радмила Шекеринска се осврна и на денешниот успех на владата во добивањето на преговарачката рамка од страна на ЕУ.
Ние сме генерацијата која може да каже возвративме на предците и направивме ние да сме на масата на која се одлучува за нас, за светот, за Европа, исполнивме и други завети кои ја направија нашата држава просперитетна, успешна и еднаква со најголемите светски сили.
Коментирајќи го постојаниот напад и негативен став на ДПМНЕ таа рече: Три месеци, три месеци говорат што со случува со преговорите со ЕУ, кога почнуваат, каде ви е преговарачката рамка, нешто не се реализира и денес што ќе кажат? Ќе молчат?
Не тие повторно ќе измислат нова лага и нов напад, ново плукање и нови критики. Знаете зошто? Затоа што се можат да издржат и насилство во нивните реводи и корупција во нивните редови, едно не можат да издржат, не можат да издржат кога гледаат дека нивната држава успева!

 

Треба да знаете
Последни објави