Search

Шекеринска од Крушево: Нашиот здравствен систем е спремен за вториот бран на Коронавирусот

Заменик претседателката на СДСМ – Радмила Шекеринска, денес во Крушево имаше работна средба по која ги коментираше инвестициите и реформите кои владата предводена од СДСМ ги имплементираше во изминативе три години.
Покажавме одговорност кон здравјето на граѓаните но и брза реакција тогаш кога светот па и ние плативме голема цена поради коронавирусот. Покажаме дека можеме и дека нашето јавно здравство може да го положи тестот.
Во исто време ја вративме и довербата на граѓаните кон јавното здравство, кон здравствените работници, кон докорите и медицинските лица. Сега го стекнавме искуството и вложивме уште повеќе во јавното здравство. Здравствениот систем го подготвивме за секој следен бран на коронавирусот, а со стабилни институции по изборите, со функционален парламент, со нормална влада во која нема да постојат министри кои ги блокираат одлуките или не уценуваат со потписи ќе можеме целосно да ја заштитиме државата, економијата и граѓаните од последците на коронавирусот.
Додека светот ни честиташе на начинот со кој се справуваме со кризата, Мицковски и Чулев коваа план како со непостапувањето на МВР, како со непочитувањето на мерките да го опструираат овој план, да ги опструираат нашите мерки и да го зголемат бројот на заболени.
Додека лекарите и медицинскиот персонал се бореа за секој живот, додека се трудеа да го зачуваат своето здравје, Мицковски со својот пример во теретани, во кафеани, поттикнуваше да не се почитуваат мерките, да се потцени опасноста.
Додека ние во кампањата строго се придржувавме и се придржуваме до сите мерки за заштита Мицковски уште на почетокот најави дека истите нема да ги почитува. Тоа се истите оние луѓе и истата онаа партија која што кога бегаше од избори постојано го користеше аргументот здравствена криза.
Кога веќе стана јаснио дека изборите не можат веќе да се одлагаат, тогаш заборави на се, заборави на здравјето на граѓаните, заборави на мерките за превенција, заборави на секакви превентивни мерки за заштита кои можат да значат живот и здравје. Јасно е, ако овие луѓе вака се однесуваат во екот на најголемата светска пандемија, додека се опозиција, како ли би се однесувале кога би ја добиле некогаш власта.
Не сакам на тоа ниту јас ниту граѓаните да помислат. Здравјето навистина е наш прв приоритет и тоа го покажавме и во периодот на криза, тоа ќе го покажеме и после 15 јули. Како влада уште пред кризата инвестиравме силно во јавното здравство. Инвестиравме во луѓе, инвестиравме во знаење, инвестиравме во доктори и медицински сестри.
Јавното здравство го зајакнавме со 780 нововработени лекари, со 1000 нововработени медицински сестри. Ќе продолжиме тоа да го правиме. Во изминатата година обезбедивме рекордни специјализации, рекорден број на специјализации на нашите медицински кадри. Тоа ќе продолжиме и понатаму да го правиме.Во следниот период веднаш после изборите ќе ги обезбедиме 33-те милиони евра кои ги блокираше ВМРО-ДПМНЕ и ќе ги насочиме таму каде што се најпотребни – во одделенијата за интензивна нега. Ќе ја прошириме позитивната листа на лкекови и исто како што ги укинавме квотите за лекови кои што ги плашеа граѓаните и ги тераа да останат без лекови после 5-тти во месецот. Ќе обезбедиме трипати повеќе специјализации и ќе изградиме нови клинички центри. Целосно ќе воведеме елетронско здравство, за да го спречиме постојаното шетање на пациентите од лекар, од примарен доктор, од аптека и да го штедиме нивното време но пред се нивното здравје.
Секоја година ќе инвестираме во кадрите од кои зависи нашиот живот и нашето здравје. Ќе го зголемуваме бројот на медицински лица но ќе ги покачуваме и нивните плати, секоја година до 10 проценти. Вкупно во текот на мандатот до 40 проценти.
Младите лекари кои што се на специјализација во Скопје и се соочуваат со проблем бидеќи имаат зголемени трошоци секој месец ќе добиваат дополнителни 12 илјади денари за да обезбедат дополнителни средства за живот во главниот град. Јавното здравство има потреба од нови инвестиции. Ние тие инвестиции ги започнавме, но можеме и повеќе и подобро.

 

Треба да знаете
Последни објави