Search

Шекеринска од Кичево: Изборот е јасен, НАТО и ЕУ или Хунзи и Белизе

За само две и пол години направивме пресврт таму каде многу малку се надеваа. Почнавме за првпат не само да зборуваме, тука да покажуваме дека само поправична држава може да биде добра држава, истакна носителката на кандидатската листа на коалицијата „Можеме” во изборната единица 5, заменик претседателката на СДСМ Радмила Шекеринска, на граѓанската трибина на коалицијата во Кичево.

-Ретко кога имаме вака ретка разлика, од едната страната имате членство во НАТО, од другата страна имате една бела палата во центарот на Скопје. Од еднава страна имате Брисел и преговори со ЕУ, на другава страна го имате Белизе и преговори со хунзите. Од еднава страна имате решенија дури и на најтешките проблеми, а од другава страна имате само кавги непријателства. На овие луѓе и на овој народ им е смачено од кавги и непријателства.Овдека сме сите седнати и се разбираме кога имаме различни ставови, и наоѓаме решение за тоа што се почитуваме. Ова држава стана независна и успеа да помине многу премрежија,само што наоѓавме начин како да се разбереме и како да тргнеме напред. Ние на 15-ти јули ви ветуваме такви решенија, рече Шекеринска.
Според неа, за само две и пол години направиле пресврт таму каде многу малку се надеваа.
Почнавме за првпат не само да зборуваме, тука да покажуваме само поправична држава може да биде добра држава. Целиот изминат период ни говореа дека тоа е невозможно. Ние покажавме дека со срце, со душа кога ќе се зафатиш со работата небото е крајот. Се сеќавам пред две и пол три години кога рековме минималната плата во нашава држава е срамно ниска, и ќе ја покачиме. ВМРО-ДПМНЕ велеше нема шанси, ја затекнавме минималната плата на 9 илјади денари  и тоа не за сите, во текстилот и во кожарската индустрија беше и пониска, за само две и пол години минималната плата ја покачивме два пати од 9 на 14.500 денари, и не застануваме, затоа што плата е право за достоинствен живот, нагласи Шекеринска.
Кога велевме минималната плата ќе расте, ВМРО-ДПМНЕ велеше ако тоа го направите 100 илјади луѓе ќе останат без работа, ние го направивме, бевме храбри првпат, бевме храбри и вторпат. И денеска минималната плата е речиси 60 % повисока од таа што ни ја оставија, а создадовме нови 60 илјади работни места, истакна Шекеринска.
Таа додаде дека кога пред две и пол години рековме парите ќе ги враќаме кај граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ беше и против тоа, гласа против сите проекти кои значеа дека парите од нивни џебови или од некој други бели палати ќе заминуваат во семејните буџети на нашите граѓани, велеа нема шанси, покажавме дека може.
Покажавме дека може да се укине радиодифузната такса, покажавме дека може да се врати евтината тарифа, покажавме дека може дел од ДДВ-то четири  пати годишно да се враќа  кај граѓаните и денеска паднаа во вода нивни тези дека не може, сега велат малку е. Што било една радиодифузна такса да ја укинеш, а ич, нагласи Шекеринска
Ако беше малку имаа 11 години зошто не ја укинаа радиодифузната такса, ако евтината тарифа е малку, зошто не ја вратија. Ако „Мој ДДВ” како што велат  само 3 илјади денари во тромесечјето било, ако е и тоа малку зошто тие не го направија. Ако ги враќаа парите кај граѓаните макар по толку денес секое семејство во нивните 12 години ќе имаше 12 илјади евра, е не е малку, нагласи Шекеринска.
Кога денес ВМРО-ДПМНЕ зборува за поголеми плати, пензии вратете го назад филмот како 100 пати велат дека не може, не ги ценете ги според зборот туку по тоа што го направија, порача Шекеринска.
Ние преземаме обврска дека ќе градиме економија, која нема да се базира на минимална плата, ќе им помагаме на бизнисмените да даваат пристојни плати да расте и минималанта и просечната плата, порача носителката на кандидатската листа на коалицијата „Можеме” во изборната единица 5, заменик претседателката на СДСМ Радмила Шекеринска, на граѓанската трибина на коалицијата „Можеме” во Кичево.

 

Треба да знаете
Последни објави