Search

Шекеринска од Кичево: Единственото нешто што ВМРО-ДПМНЕ може да го обнови е режимот, стравот и насилството

Мислам дека едно од работите кое што спомнав ја покажува сета разлика. Тие живеат за да прават проблеми, а ние чувствуваме дека наша обврска е проблемите да ги решаваме.
Тие дел од проблемите ги создаваа со агресија и со страв. Има некој веќе во државата којшто се плаши да си го каже мислењето? Нема. Има медиум кој е под притисок да ја фали само власта? Нема.
Има фирми коишто секој ден се плашат да покажат различно мислење или дека се од другата страна за да добијат назад пари, ДДВ? Нема. Заборавивме можеби како е да се живее во режим ама тоа покажува дека за две и пол години работите вака од корен ги променивме.
Тие живеат од непријателство. За жал на 27 април видовме дека живеат и од насилство, тоа е разликата. Тие немаа но срам ни перде, ни одговорност да испратат луѓе да се обидат да не убијат, и денеска истите луѓе кои не успеа со НАТО, не успеа со ЕУ, не успеа да донесат плати и пензии, не успеа на ниту една од овие точки, денеска доаѓаат уште ја имаат сликата со Груевски во џебот и сега велат ќе обновувале нешто.
Единственото нешто што ВМРО-ДПМНЕ може  да го обнови, е режимот, стравот и насилството.

 

Треба да знаете
Последни објави