Search

Шекеринска: Не сакаме заради домашна политика да загрозиме некој од државните проекти

Вечерашната гостинка во ТВ-Телма додаде дека промените во Сдсм не предизвикаа муабети и манипулации на кој што сме навикнати. Впечаток имам и дека нашата партија многу научила во изминатиов период, и второ дека сме свесни за огромната одговорност што ја имаме, не само пред нашите членови и пред народот кој што сме добиле одговорни позиции. Кадровските промени во Сдсм не треба да се гледаат како издвоени од државните, сакам да кажам дека во ниеден момент прашањето не беше дали ќе има државни или партиски промени, на почетокот рековме и двете. Не сакаме заради домашна политика да загрозиме некој од државните проекти. Знаете дека ги очекувавме одлуките на земјите членки на ЕУ, европските избори завршија на крајот на мај. Средбата на Меркел и Заев беше најавена, целта ни беше кога се случуваат толку крупни работи и треба да носиме крупни одлуки ниту еден дел од нашето внимание да не оди на тема реконструкција.

Треба да знаете
Последни објави