Search

Шекеринска на трибина на Форум на жени на СДСМ: Носиме мерки за унапредување на правата на жените и подобрување на животот на сите граѓани, тое е еднаквоста

Во овие две години низ конкретни мерки обезбедивме унапредување на правата на жените но и животот на сите граѓани, порача заменик претседателката Радмила Шекеринска на трибината на Форумот на жени на СДСМ под мотото „ 20 години чекориме по патот на еднаквоста”.

Ја усвоивме Истанбулската конвеција и го донесовме Законот за заштита од дискриминација, но истовремено реализиравме мерки што носат подобар живот за сите. Минималната плата ја покачивме за 5.500 денари, го реѓивме проблемот со стечајните работнички, го зголемивме опфатот на деца во градинките преку изградба и адаптација на на 43 објекти за детски градинки, а значително ги зголемивме платите на воспитувачките и негвателките во градинките. Сето тоа се мерки што го подобруваат животот на жените. Ние сме опција кога го подорбува животот на сите граѓани, тоа е еднаквоста, заклучи Шекеринска.

Треба да знаете
Последни објави