Search

Шекеринска на онлајн состанок на САД – Јадранска повелба 

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска денеска преку видео – конференциска врска ќе учествува на состанок на САД – Јадрнската повелба, на кој ќе се дискутира за предизвиците на земјите од регионот во однос на пандемијата предизвикана од корона – вирусот, како и важната улога на вооружените сили во поддршка на здравствениот систем во борбата со пандемијата.

Учесниците од земјите – членки, Северна Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Црна Гора и САД, ќе разговараат и за штетното влијание на дезинформациите, како и за процесот на евроатлантска интеграција и засилена регионална соработка, соопшти Министерството за одбрана.

Треба да знаете
Последни објави