Search

Шекеринска: За да правдата биде правда таа мора да биде испорачана во судството а не во владини коалиции или политички партии

Она што е јасно е дека на овие избори прашањето за правда е реално прашање и прашање кое што граѓаните со право го поставуваат и со право и од нас бараат одговори, истакна носителката на кандидатската листа на коалицијата Можеме во изборната единица 5, заменик претседателката на СДСМ Радмила Шекеринска, на предизборната дебата на Топ Тема на телевизија Телма.
Ние сме свесни, додаде Шекеринска, дека кај еден дел од граѓаните постои незадоволство заради тоа што зад решетки не се оние против кои заеднички се боревме, некои се ама тоа не е доволно.
Оние кои најубедливо можевме да видиме дека го контролирале системот, го злоупотребувале системот, уништувале човечки судбини се уште не се соочиле со правдата и ние 2,5 години се мачевме околу овие прашања бидејќи ние моравме да испорачаме правда а не одмазда, нагласи Шекеринска.
За да правдата биде правда таа мора да биде испорачана во судството а не во владини коалиции или политичките партии, порача Шекеринска.
Не можам да говорам за судството воопштено, конкретно како се тешки овие рефомри во судството, во кои ние не смееме да интервенираме а граѓаните очекуваат резултат, ќе наведам пример кога со уредба на владата им овозможивме на општините да го решат хаосот со дивите плажи на крајбрежјето, кои со години ги нервираат граѓаните, а ако не можат да се справат државата да им помогне, и таа уредба падна на Уставен суд и тоа експресно брзо, рече Шекеринска, додавајќи дека ова создава недоверба кај граѓаните, некои линии се се уште живи и мора да се променат.
Ние 11 години не сме ги коментирале одлуките на уставен суд и во 2015 година сфативме дека сме грешеле затоа што 11 години тоа не биле пресуди на суд тоа биле пресуди напишани во кабинетот на Груевски и соопштени преку неговата секретарка, рече Шекеринска.
Во многуте бомби чувме како се бирале судии во тие судови и стварно бевме во ситуација угоре високо удолу длабоко, ако интервенираш во судство ист си како Груевски ако не интервенираш го пушташ Груевски пипците во судство уште да му живеат, порача Шекеринска.
Ние очекуваме судството само да ги расчисти овие работи и обезбедивме мониторинг на ЕУ на судските предмети од висока корупција и висок криминал токму заради ова, истакна носителката на кандидатската листа на коалицијата Можеме во изборната единица 5, заменик претседателката на СДСМ Радмила Шекеринска.

 

Треба да знаете
Последни објави