Search

Шекеринска: Еве го нашиот скор, просечна плата повисока за 4,400 денари, минимална плата повисока за 58% и 60.000 работни места

Кога ќе ги погледнете платите во образование, во здравство, во социјална грижа, во сите сектори ќе видите дека ние навистина покажавме дека парите кај граѓаните не е слоган, парите кај граѓаните е верба дека кога парите ќе излезат од буџетот и ќе заминат во семејните буџети тие три пати ќе направат ќар за секој граѓанин и за сета држава.
Ние тврдевме дека минималната плата може да расте, тие велеа многу е опасно. Два пати имаа шанса тоа го поддржат, два пати не го направија тоа. Денеска ќе се шетаа и ќе ветуваат повисоки плати и пензии, истите кои ни се закануваа дека ќе се изгубат работните места. Еве го нашиот скор, просечна плата повисока за 4,400 денари, минимална плата повисока за 58% и 60.000 работни места.
Треба да знаете
Последни објави