Search

Шекеринска: Дурловски бега од аргументи, единствен начин да дебатира му е да испрати луѓе за тепање

Јас не умирам од желба да дебатирам со човекот кој влезе во Собрание да ме убие, но тука доаѓаме за граѓаните, а противкандидатот од ВМРО-ДПМНЕ Дурловски, кој не се појави, тоа не го направи прв пат, истакна носителката на листата на коалицијата „Можеме” во петата изборна единица, заменик претседателката на СДСМ Радмила Шекеринска, во емисијата „Само вистина” на Канал 5 телевизија.
Таа покажа куриозитет во најавите на активностите на ВМРО-ДПМНЕ во последните 10-15 дена, во кои не е ставена изборната единица 5.
Дурловски бега од секаде каде што може да добие прашања, а нивниот слоган Исправи се Македонијо, значи гордост, чест, храброст, но  тие доблести не ги дава кај своите носители, тој дел покажува дека ВМРО-ДПМНЕ ниту педа не се променил од тоа што го гледавме до 2016, нагласи Шекеринска, додавајќи дека како што Груевски не собра ниту еднаш храброст и доблест да дебатира, така и неговите наследници секој пат кога немаат што да понудат бегаат од соочувања.
Ние доаѓаме тука зашто треба да имаме однос кон граѓаните чија што доверба ја бараме. Ако некој човек ја бара доверба да ги претставува нивните интереси во Собранието, тогаш тој кандидат или кандидатка треба да може да се спротивстави во собранието за да бара повеќе пари за својата изборна единица, за решавање на битни прашања, ако не може да се соочите со аргументи и контрааргументи пред изборите како ќе се бори за правата на граѓаните по изборите, нагласи Шекеринска.
Таа додаде дека ова покажува едно нешто, дека ВМРО-ДПМНЕ си го крие својот кандидат, кој очигледно единствен начин да дебатира му е да испрати луѓе за тепање. Ова го потврдија и луѓе од ВМРО-ДПМНЕ дека тој и уште еден за хушкање за насилство барале и добиле 200.000 евра, тие што ги сскаа тие избегаа и земаа пари.
Тоа е истото кукавичко однесување, кога некој друг треба да ја заврши валканата работа, а тие ќе бегаат од соочување и од дебати не само со противници, туку и со граѓани и медиуми, порача носителката на листата на коалицијата „Можеме” во петата изборна единица, заменик претседателката на СДСМ Радмила Шекеринска.
Треба да знаете
Последни објави