Search

Шекеринска во посета на инженерискиот баталјон

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска денеска во касарната Илинден ќе го посети инженерискиот баталјон на Армијата на Република Северна Македонија, каде ќе се сретне со командантот на единицата.

Министерката воедно ќе информира за потпишаните договори за набавка на 15 нови инженериски машини во вкупна вредност од над 138 милиони денари.

Како што информира Министерството за одбрана, со набавката на инженериски машини, прва по цели 16 години, практично започнува модернизацијата на армиската опрема. Со неа ќе се зголеми подготвеноста на Армијата за извршување на задачи, а ќе влијае и на безбедноста на граѓаните, особено во време на елементарни непогоди, поплави и кризи.

Треба да знаете
Последни објави