Search

Шекеринска во Брисел на состаноци на Северноатлантскиот совет

Вицепремиерката и министерка за одбрана, Радмила Шекеринска денеска и утре во седиштето на НАТО во Брисел, заедно со министрите за одбрана на земјите – членки на Алијансата, ќе учествува на состаноците на Северноатлантскиот совет.

По потпишувањето на пристапниот протокол, Северна Македонија активно учествува на сите состаноци на Алијансата, а по завршување на ратификациониот период, нашата земја како полноправна членка ќе има и право на глас. Ова е трето учество на министерката Шекеринска на состаноците во Алијансата на највисоко ниво, што покажува дека нашата земја функционира како член на НАТО.

На состаноците министерката Шекерниска ќе го изнесе ставот на Северна Македонија во однос на мисиите и операциите на Алијансата, справувањето и градењето отпорност против хибридните закани и за зголеменото буџетирање на одбраната. Дополнително, на состанокот на земјите – учеснички во мисијата „Одлучна поддршка“, министерката ќе ја реафирмира поддршката која ја дава нашата земја во оваа мисија преку долгогодишното учество на припадниците на Армијата во сите досегашни мисии на Алијансата во Авганистан, соопшти Министерството за одбрана.

Треба да знаете
Последни објави