Search

Шекеринска: Би сакала да го видам јунакот кој ќе ги поништи вчера дадените гласови за НАТО во Собранието

За една година од потишувањето на Протоколот за прием во НАТО добивме 28 ратификации, за многу кратко време нашето членство ќе биде заверено и ќе удриме печат за нашето постоење како независна, суверена и просперитетна држава. Ќе бидеме дел од семејството од безбедносниот чедор кој штити една милијарда луѓе.

Ова денеска го истакна министерката за одбрана Радмила Шекеринска по повод ратификацијата за Североатлантскиот договор за кој рече дека како министерка за одбрана членството во НАТО, меѓу другото, значи многу, во однос на бројки во Армијата, кои први ги почуствувале бенифитите преку платите, условите за работа и перспективата во војската.

Во однос на ширењето на лажни вести и скептицизмот од Алијансата, Шекеринска цитираше одредба од вчера потпишаниот Договорот со НАТО кој посочува дека страните во Договорот се решени да ја чуваат слободата, заедничкото наследство, цивилизацијата на своите народи засновани на принципите на демократија, индивидуалната слобода и владеење на правото. Министерката рече дека опозицијата веќе го поддржала законот за служба во Армијата и дека не би требало да има пречка и за поддршка на законот за одбрана.

-Вчера се уверивме дека во Парламентот гласаа сите, вклучлително и колегите од ВМРО-ДПМНЕ. Се прашувам кој утре или задутре, повторно ќе заговара рушење на Преспанскиот договор и поништување на нашето членство во НАТО. Баш би сакала да го видам јунакот, кој после таков консензус, да ги поништи вчера дадените гласови во парламентот и оној кој ќе се дрзне да го поништи најголемиот успех од независноста до денес, истакна Шекеринска.

Министерката рече дека очекува, Собранието да не потклелне пред задачата која ја има да го донесе Законот за одбрана. Потенцира дека ВМРО-ДПМНЕ со пет-шест пратеници го поддржа законот за служба во Армијата каде е сменето името на Армија на Република Македонија со името Армија на Република Северна Македонијае и дека сега немаат никакво алиби и оправдување да го не поддржат законот за одбрана кој, според неа, покажува на кој начин ќе се вклучиме во колективната одбрана.

Министерката Шекеринска рече дека, според информациите од Шпанија, нивниот парламент можно е да го ратификуваат договорот на почетокот од март оваа година и дека нашата Влада се подготвува врз основа на тие информации.

Треба да знаете
Последни објави