Search

Шеикот Бин Салман нуди 3,8 милијарди долари за Манчестер Јунајтед

Дваесеткратниот шампион на Англија, Манчестер Јунајтед може да добие нови сопственици. Откако милијарди беа инвестирани во градскиот ривал Манчестер Сити од арапски сопственици, „црвените ѓаволи”, исто така би можеле да добијат слични средства од саудиското кралско семејство.

Според британскиот таблоид „Сан”, шеикот Мохамед бин Салман, кој е следниот крал на Саудиска Арабија, почнал преговори за купување со сегашните сопственици на англискиот гигант – американското семејство Глејзер. Тој планира да предложи преголема сума од 3,8 милијарди фунти за целосен пакет акции на клубот.

Можен договор се очекува да биде склучен пред почетокот на следната сезона, а разговорите се одржуваат од октомври минатата година. Шеикот сака да знае дали екипата ќе игра во Лигата на шампионите следната сезона пред да ја донесе конечната понуда.

Семејството Глејзер ги купи акциите на клубот во 2005 година за 800 милиони фунти, а ако дојде до продажба, тие ќе заработат повеќе од 3 милијарди фунти профит.

Состојбата на Шеикот Бин Салман и неговите роднини се проценува на 850 милијарди долари

Треба да знаете
Последни објави