Search

Шеесет години биле во брак и починале во растојание од еден час

Сопружниците од Осијек, Јулијана (79) и Фрањо Мајер (86) се доказ дека некои љубови се навистина вечни. По 60 години заеднички живот починале минатата недела во растојание од еден час, пишува Глас Славоније.

Тие се сретнале како деца, на поле каде што морале да работат со своите родители. Откако се венчале, во раните 70-ти заминале на работа во Германија, но се вратиле по една година. Двајцатапотоа се вработиле во иста градежна компанија. Јулијана била готвачка, а Фрањо возач.

-Се шегуваа дека целиот живот му готви. Дури и кога компанијата ќе го испратеше татко ми во Ирак една година, таа отиде со него, се сеќава синот Звонко.

Тој вели дека за 60 години брак и соживот, неговите родители едноставно никогаш не се разделиле. Тие дури и се пензионирале заедно. До неодамна, живеле сами во својот дом и не сакале нивните синови да се грижат за нив.

-Татко ми страдаше од деменција и од пред неколку години  неговата состојба се влошуваше. Често пати не нè препознаваше, дури и мајка ми на моменти. Одеше со слика од свадбата по дома и викаше „Каде си Јулија, ме остави”. Тогаш мајка ми ќе кажеше дека е она таа, а тој ќе рече „Ти си некоја баба, ја сакам Јулија од сликата, мојата Јулишка“. Ни беше жал за него, но моравме да се смееме. И тој се смееше  бидејќи мислеше дека сакаме да му ја наместиме некоја баба. Потоа, кога ќе го препознаеше нејзиниот глас ќе се сетеше дека тоа е она. Тогаш ќеја гушнеше, се бакнува и ја прашуваше зошто го остави сам. Во тој еден момент дури и повторно ја запроси, вели Звонко.

На јулијана пред една година и бил опериран тумор на дојка, па пред повеќе од месец биле откриени метастази по што завршила во болница. Бидејќи не можел сам да се грижи за себе, Фрањо една ноќ паднал и ја повредил главата, по што го однеле во дом за стари.

Кога се вратила од болница, и Јулија била сместена во дом, но немало место во истиот, по што синовите се обидувале да ги сместат во ист, но не можело. Минатиот четврток на Јулија и се слошило па била префрлена во болница поради вода во плуќата. Во четвртокот веќе било критично, а истиот ден и Фрањо добил висока температура и ноќта бил пренесен во болница каде му откажале бубрезите. Утрото го однеле на дијализа, но починал за време на дијализа, во 8.15 часот. Малку повеќе од еден час потоа, во 9.30 починала и Јулија.

Треба да знаете
Последни објави