Search

Шевченко: Пандемијата со коронавирусот е како Чернобил

Поранешниот украински фудбалер, а сега селектор на репрезентацијата на оваа земја, Андриј Шевченко, во разговор за италијански „Скај”, ја спореди актуелната состојба на коронавирусот во светот со нуклеарната катастрофа во Чернобил во 1986 година. Шевченко имаше девет години во моментот на хаварија во нуклеарната централа и од Киев, каде живееше, мораше да биде евакуиран во Одеса. Сега, вели тој, пандемијата со коронавирусот е доста слична со таа состојба.

– Најпрво благодарност до сите доктори и медицински сестри. Вие сте херои на нашето време. Оваа ситуација е многу слична со Чернобил. Сум живеел во моменти слични на овие, рече Шевченко.
Тој апелира до луѓето да бидат дисциплинирани.
– Единствено решение е да се почитуваат препораките на владите, да се остане дома и да се даде можност на лекарите да ја завршат својата работа, што е огромна. Никој од нас не може да биде сигурен дека немал контакт со вирусот, истакна поранешниот украински фудбалски ас.
Шевченко голем дел од својата кариера го помина во Италија, во екипата на Милан во чиј дрес и ги доживеа најславните моменти.
– Поздрав до сите Италијанци. Секогаш сум со вас. Мора да се надеваме дека работите ќе се поправат. „Форца Италија”, може да се надеваме дека заедно ќе излеземе од ова, порача Шевченко.
Треба да знаете
Последни објави