Search

Шевченко: Пандев ќе биде стартер во дербито против Сампдорија

Шевченко има три порази и едно реми во првите четири мечаа како тренер на Џенова. Украинецот имаше тежок распоред на почетокот на својата клупска тренерска кариера, но се надева дека својот прв триумф ќе го има во градското дерби.

На вчерашниот дуел против Јувентус, Пандев во игра влезе во текот на второто полувреме и впечаток е дека внесе квалитет во нападот. Па по мечот Шевченко беше прашан дели Пандев би можел да биде стартер против Сампдорија.

„Токму затоа се обидуваме да ја менаџираме неговата минутажа во пресрет на дербито, бидејќи ние веќе размислуваме за тој натпревар“, вели Шевченко кој сака Македонецот да биде свеж за тој дуел.

„Ова ќе биде мое прво Дерби дела Лантерна, досега слушав од луѓето дека ова е многу посебен натпревар“.

„Во моментов се соочуваме со многу отсутни поради повреди, се надевам дека брзо ќе се вратат и ќе го кренеме нивото на квалитет. Знаеме дека имаме тежок распоред, ќе ни беше тешко и со повредените, но мора да веруваме, да си помагаме едни со други и да одиме напред“.

Треба да знаете
Последни објави