Search

Шевченко кандидат за тренерското место во Милан

Тренерот на Милан, Стефано Пиоли може да биде отпуштен од работа доколку не успее да обезбеди пласман во Лигата на шампионите на крајот од тековната сезона. Можен кандидат да го замени е Андриј Шевченко, кој е селектор на Украина, пренесува „Калчомеркато”.

За негов ангажман е заинтересиран техничкиот директор на клубот Паоло Малдини. Шевченко нема намера за никакви преговори пред летото, кога ќе се одржи Европското првенство.

Исто така, еден од кандидатите за тренерската позиција е Ралф Ранкник од Лајпциг. Германски специјалист е приоритетна опција за сопствениците на Милан.

По 23 кола, Милан е 10-ти во италијанскиот шампионат, со 32 бода, десет помалку од зоната за Лигата на шампионите.

Треба да знаете
Последни објави