Search

Швеѓаните повеќе не смеат да пушат пред пабови

Пушачите во Шведска повеќе не смеат да палат цигара пред пабовите, согласно новиот закон за тутун донесен денеска, а се однесува на пушење на јавни места.

Јавните игралишта, автобуските постојки и железничките платформи исто така се опфатени со новата забрана за пушење.

Одредбите се однесуваат и на електронските цигари.

Шведската здравствена организација смета дека мерката е важен чекор во заштитата на здравјето на населението, како и намалување на ризиците од пасивното пушење.

Владата на премиерот Стефан Лофвен си постави цел Шведска до 2025 година целосно да биде земја на непушачи.

Треба да знаете
Последни објави