Search

Швеѓаните им даваат на вработените одмор за да започнат сопствен бизнис

Швеѓаните имаат право да земат одмор во компанијата во која работат, со цел да се обидат да почнат свој сопствен бизнис.

Според шведските закони, тоа е само едно од многуте права, кои ги имаат вработените. Покрај тоа, тие имаат право на слободен ден за школување, како и за грижа за член од семејството. Поради таквите добри услови, кои ги гарантира државата, престолнината на Шведска ја нарекуваат главен град на старт-апови. Тоа придонесе за огромен број на новоотворени фирми и технички компании, чија вредност е над милијарда долари, и тие се наоѓаат веднаш зад Силиконската долина во Калифорнија.

Тие права ги ужива секој што е вработен со полно работно време во период од најмалку шест месеци.Работодавачот може да одбие такво барање само од работник, кој е од витално значење за водење бизнис.Барање не може да се поднесе ако е конкуренција на актуелниот бизнис.

Инаку, во последните години растечки тренд во светот е да им се овозможи на вработените да ја развијат својата компанија по основното работно време. Шведска е една од водечките земји во тоа.

Треба да знаете
Последни објави