Search

Шверцувал мигранти со комби со пробни таблици

На 12.08.2020 околу 18.00 часот, на автопатот Штип- Свети Николе, поточно кај село Кривидол, полициски службеници забележале товарно возило „мерцедес вито“, со пробни регистарски ознаки. При тоа истото застанало на автопат, а возачот и совозачот се дале во бегство.

При проверка на возилото биле пронајдени 25 мигранти и тоа 19 од Пакистан, пет од Авганистан и еден од Индија, кои биле предадени во Прифатниот транзитен центар „Винојуг“ за понатамошна постапка.

Се работи на расчистување на случајот.

Треба да знаете
Последни објави