Search

Шведски обвинител бара апсење на Асанж

Шведски обвинител, кој води истрага во врска со обвинението за наводно силување против основачот на „Викиликс“, Џулијан Асанж, денеска поднесе барање за негово апсење, соопшти обвинителството.

Налогот за апсење, доколку биде издаден, ќе биде чекор во процесот што би резултирал со екстрадиција на Асанж во Шведска од Велика Британија, каде отслужува 50-неделна затворска казна поради прекршување на условите за кауција.

Асанж беше уапсен минатиот месец во Лондон, откако амбасадата на Еквадор му го укина азилот.

Претходно, шведското обвинителство одлучи повторно да го отвори случајот против Џулијан Асанж, основачот на „Викиликс“, кој се товари за наводното силување. Велика Британија сега ќе мора да одлучи дали да го предаде Асанж во Шведска или во САД.

Пред четири години, шведското обвинителство објави дека ја отфрла истрагата против основачот на „Викиликс“ за два случаи на сексуален напад, бидејќи тие биле застарени.

Треба да знаете
Последни објави