Search

Шведските сточари загрижени поради климата: Нема снег за миграција на ирвасите

Во северниот дел на Шведска сè уште нема доволно снег за да почне миграцијата на ирвасите, објави Ен-би-си. Народот Сами со генерации се занимава со сточарство, односно се грижи за ирвасите и живеат од продажбата на нивното месо.

Тие велат дека миграцијата на ирвасите се случува во последните две недели од ноември, но тоа не е случај оваа година. Температурите се превисоки, па миграцијата сè уште не се случила.

„Нешто не е во ред со природата“, вели Нил Инга, која живее во најсеверниот град на Шведска, Кируни.

„Не можам да го замолам татко ми што да правиме бидејќи ниту тој не го доживеал ова, такво нешто не се случило во неговиот живот“, додала Инга.

Ен-би-си пишува дека луѓето во земјите од арктичкиот круг се занимаваат со земјоделство и сточарство. Тие велат дека тоа се практикува во Норвешка, Русија и во Кина, а според извештајот од 2009 година, во Шведска имало 3.000 одгледувачи на стока, додека околу 100.000 биле од целиот свет.

Треба да знаете
Последни објави