Search

Шведските атлетичари може да го пропуштат ЕП во Турција поради напнатата политичка ситуација меѓу двете земји

Репрезентацијата на Шведска може да го пропушти Европското првенство во атлетика во сала во Турција поради напнатата политичка ситуација меѓу земјите, пишува „Expressen“.

На 21 јануари во близина на турската амбасада во Стокхолм се одржа протест против влезот на Шведска во НАТО. Екстремно десничарскиот политичар Расмус Палудан го запали Куранот за време на акцијата, што пак доведе до протести како одговор.

Шведското Министерство за надворешни работи ги повика граѓаните на нивната земја да бидат внимателни кога патуваат во Турција.

– Ние следиме што се случува и сме во близок контакт со Европската конфедерација и локалните организатори за да обезбедиме безбеден престој во Истанбул. Со оваа проблематика се занимаваме и во репрезентацијата и веќе се уверивме дека на патувањето е со нас и службеник за обезбедување. Одбивање на ЕП? Ова не може да се исклучи, но се надеваме дека тоа нема да се случи, изјави селекторот на Шведска, Кајса Бергквист.

Според „Експресен“, одлуката за ова прашање се очекува пред 28 февруари, кога тимот треба да оди на натпреварувањето. 

Треба да знаете
Последни објави