Search

Шведска создава робот против говор на омраза за борба против омразата на интернет

Шведскиот институт за одбранбени истражувања (ФОИ), заедно со други партнери, создаде робот  против говорот на омраза на интернет и побараа од јавноста да дадат примери за да формираат алгоритам за борба против омразата на социјалните мрежи, пренесува „Спутник“.

Роботот, наречен „Хатоматен“, е соработка помеѓу ФОИ, кој р дел од Министерството за одбрана, како и шведската национална полиција и Универзитетот во Упсала. Според соопштението за печатот од ФОИ, целта на сајтот е да ги истражи можностите за препознавање текстови со имраза на шведски јазик со помош на технологијата.

Како дел од проектот е создадена и веб-страницата Hatomaten.com која ќе им овозможува на корисниците да внесуваат примери за кои сметаат дека се говор на омраза за да се создаде алгоритам кој ќе ги испита можностите за автоматско препознавање на термините и фразите од омраза

„ Хатоматен  е дигитален робот кој сака да се храни со омраза, а потоа, со помош на алгоритми, може да ни помогне да откриеме омраза во пишан текст”, се посочува на веб-страницата и ја опишува омразата на интернет како “закани, повреди и малтретирање на групи или поединци во дигитални средини кои влијаар на сите нас и му се заканува на слободниот говор “.

Благодарение на една онлајн група за социјална правда,  земјата беше сведок на 450 судски процеси за злосторства од омраза во 2018 година. Назар Акрами, истражувач на Универзитетот во Упсала, коментираше за потребата од проектот, велејќи:

„Интернет што се карактеризира со омраза ја отежнува значајната комуникациј, а исто така и се заканува на слободата на говор со заплашување поединци за да молчат”.

Проектот е финансиран од шведската владина агенција „Винова“, која обезбедува средства за истражување и развој и доаѓа откако агенцијата им доделена 13,5 милиони круни (1.2 милиони фунти) во 2017 година на разни мејнстрим медиуми за борба против лажните вести во периодот до парламентарните избори во 2018 година.

Шведска забележа пораст на бројот на обвиненија и пресуди за говор на омраза во последниве години, а голем дел од заслугата за тоа ѝ припишува на работата на групата за социјална правда Näthatsgranskaren. Според шведското Јавно обвинителство, во 2018 година поднесени биле 459 обвиненија за говор на омраза.

Треба да знаете
Последни објави