Search

Шведска пушти во употреба нов супертаен шпионски брод во Балтичкото Море

Нов разузнавачки брод, изграден од „Сааб кокумс“ за шведската армија, беше пуштен во употреба во Балтичкото Море, пренесува шведски „Експрес“.

Во средата шпионскиот брод долг 74 метри официјално беше наречен ХМС Артемис, а бил изграден од подизведувачот на „Сааб кокум“, бродоградилиштето „Наута“ во Гдинија во Полска, кое е дел од полската одбранбена група ПГЗ.

„Шведските вооружени сили и морнарицата ќе добијат квалификувано и модерно сигнален брод што ќе ги зголеми нивните капацитети”, рече генералниот директор на Управата за одбрана на Шведска, Горан Мартенсон.

Мартенсон го опиша ХМС Артемис долгоочекуван проект поради големата потреба за нов SIGNIT брод. Неговиот претходник, ХМС Орион, е во употреба веќе 35 години.

„Во споредба со ХМС Орион, кој беше пуштен во употреба во 1984 година, неговата замена има голема техничка предност и подобрена работна и животна средина, зголемена оперативна безбедност и подобрени карактеристики на електромагнетната компатибилност, односно на начинот на кој опремата во пловилото влијае на околната електронска опрема и на чувствителноста на опремата за надворешно електронско попречување”, рече менаџерот на проектот ФМВ, Петер Андерсон.

Точната опрема достапна во ХМС Артемис строга тајна. Меѓутоа, офшор извидувачките активности остануваат приоритетни бидејќи морските пловила може да се доближат до изворот и да детектираат дури и слаби сигнали.

Шведската кралска морнарица е составена од површински и подморнички поморски единици (Кралската флота), како и морски единици (амфибискиот корпус). Нејзината единствена поморска база е Карлскрона во архипелагот Блекинге.

Градот со 35.000 жители е основан во 1680 година, наменски како поморска база поради својата добро заштитена локација без мраз, како и поради близината до поранешниот кучен непријател Данска. Бродоградилиштето во Карлскрона одамна е најголемиот шведски индустриски работодавач.

Треба да знаете
Последни објави