Search

Шведска призна грешка на војската: Лажен офицер бил во НАТО и на Косово

Шведските вооружени сили ангажирале лажен офицер, чија воена кариера сега е под истрага, во седиштето на НАТО во Белгија. Лажниот офицер, исто така, бил и на Косово, пренесе Б92.

Швеѓанецот, чиј идентитет не е откриен, лажел дека завршил воено училиште во 1999 година, а всушност никогаш не посетувал ваква настава. Тој фалсификувал диплома користејќи потпис на непостоечки генерал.

„Се разбира, не е добро ова што се случува. Мора да испраќаме вистински офицери на овие позиции и да се осигураме дека персоналот има соодветни знаења”, изјавил извор од истрагата.

Лажниот офицер служел како капетан на Косово и мајор во Авганистан, каде бил задолжен за безбедност на информациите. За тоа морал да има специјално образование, кое не го поседувал, пренесува „Спутник интернешнл“.

Тој во 2013 година бил распореден во НАТО. Измамата не била откриена до 2018 година, а ја расветлила крајбрежната стража, каде лажниот офицер имал висока позиција и пристап до доверливи информации.

Крајбрежната стража тврди дека војникот бил отпуштен од својата позиција, а за неговата измама биле известени и вооружените сили, во декември 2018 година. И покрај фактот дека армијата била алармирана, во 2019 година тој бил избран за акција од страна на шведската мисија на ОН во Мали.

„Сосема несфатливо и многу загрижувачко ниво на соработката меѓу Шведска и НАТО“, истакнала претставничката на НАТО, Ен-Софија Дал, коментирајќи го случајот.

Министерот за одбрана признал дека добил информации од министерот за правда за човек од крајбрежната стража со сомнителна биографија.

Воениот командант, Микаел Биден, дознал за овој безбедносен ризик претходно неделава и наредил истрага зошто воената команда не реагирала веднаш по приемот на извештајот.

Треба да знаете
Последни објави