Search

Шведска повторно ја отвори истрагата против Асанж

Шведскотo обвинителство донесе одлука повторно да ја отвори истрагата против основачот на „Викиликс“, Џулијан Асанж, по обвинувањата за силување против него од 2012 година.

Истрагата е повторно отворена на барање на адвокатот на наводната жртва, објави Би-би-си.

Асанж ги отфрла обвинувањата, а за да избегне екстрадиција во Шведска, тој од 2012 година престојуваше воАамбасадата на Еквадор во Лондон. Но, Еквадор минатиот месец му го укина азилот и Асанж беше уапсен и осуден на 50 недели затвор поради прекршување на условната слобода.

Негова екстрадиција бараат и САД каде е осомничен за објавување доверливи воени и дипломатски документи во 2010 година.

Треба да знаете
Последни објави