Search

Шведска одбива да воведе драстични мерки, премиерот предупредува: Подгответе се за илјадници мртви

Премиерот на Шведска ѝ рече на својата земја да се подготви за илјадници мртви додека земјата се соочува со критики за лабавиот одговор на кризата со коронавирус.

Стефан Левен признава дека ќе има „многу сериозно болни луѓе на кои ќе им биде потребна интензивна нега“, пренесува „Дејли мејл“.

Шведска ги советуваше граѓаните да практикуваат социјална дистанца, но училиштата, рестораните и баровите сè уште се отворени – што ги изненади соседните земји што воведоа построги мерки заради коронавирусот.

Илјадници лекари и академици, меѓу кои и шефот на Нобеловата фондација, потпишаа петиција во која бараат поостри мерки, при што еден научник ја обвини Шведска дека игра „руски рулет со шведското население“.

Блокадите, исто така, се покажаа како добар одговор на пандемијата во многу земји, вклучително и Шпанија, Италија и Германија.

Наместо да наметне блокада, Шведска им рече на граѓаните секој да ја преземе одговорноста за забавување на ширењето на вирусот.

Само најранливите граѓани се охрабруваат да се изолираат дома, додека посетите на старечки домови се забранети.

Училиштата сè уште се отворени, и иако има помалку луѓе на улиците во Стокхолм, тој е далеку од „град на духови“.

Треба да знаете
Последни објави