Search

Шведска го продолжи прекинот за употреба на вакцината на Модерна кај младите

Шведска ја продолжи паузата за користење на вакцината против Ковид-19 на „Модерна” кај младите под 30 години, поради ретки несакани ефекти на срцето, објави денеска шведската Агенција за јавно здравје.

Агенцијата наведува дека претходно овој месец, откриено е зголемување на бројот на случаи на миокардитис и перикардитис кај млади луѓе и млади возрасни лица вакцинирани со вакцината на „Модерна” – Спикевакс, па затоа ја прекинаа нејзината употреба за сите родени во 1991 година или подоцна.

Агенцијата денеска објави дека прекинот, кој требаше да трае до 1 декември, ќе биде продолжен, а оние што ја примиле првата доза на „Модерна” ќе ја добијат вакцината „Фајзер” како втора доза.

Речиси 85 проценти од Швеѓаните на возраст над 16 години примиле една доза од вакцината, а 80 проценти примиле две.

Треба да знаете
Последни објави