Search

Шведска бара ЕУ да воведе ембарго за извоз на оружје во Турција

На состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ, Шведска ќе бара Европската унија да воведе ембарго за извоз оружје на Турција, одлучи денеска шведскиот Парламент. Министерката за надворешни работи Ан Линде вчера ја осуди воената офанзива во североисточна Сирија.

„Турција го крши меѓународното право, ја дестабилизира ситуацијата и ризикува големи човечки загуби, не само за Курдите. Советот за безбедност на ООН мора итно да се позанимава со ова прашање”, напиша таа на Твитер.

Треба да знаете
Последни објави