Search

Шведската принцеза Викторија и ќерката Естела избраа сличен стајлинг

Дуото мајка-ќерка му се придружи на кралот на Шведска Карл Густаф на отворањето на Златниот мост во Слузбрун.

Весниците пишуваат дека сите сакаат да видат кралско мини-јас без разлика дали станува збор за сличностите на принцезата Шарлот со принцезата Дијана или Лејди Сара Чато, или необичната сличност на принцот Хари со принцот Филип во неговата младост. Така и осумгодишната принцеза Естела која многу личи на нејзината мајка, престолонаследничката Викторија од Шведска, и која имаше иста боја палто како и мајка ѝ, изнуди насмевки и симпатии кај присутните на церемонијата, а и на социјалните мрежи.

Дуото мајка-ќерка му се придружи на кралот Карл Густаф на отворањето на Златниот мост во Слусбрун, Стокхолм, во сечењето жолта лента и одење преку мостот низ лак на огномет. И двте носеа палта во карамела боја или – камила. Палтото на мајката е од брендот Manuela Icon чија цена се движи околу 1.750 евра.

Естела е најстарото дете на принцезата Викторија, прва во редот за шведскиот престол. Малата Естела еден ден ќе влезе во историјата кога ќе се искачи на тронот пред нејзиниот помлад брат, четиригодишниот принц Оскар.

Нема сомнежи дека малата прицеза ги освојува срцата на луѓето во нејзината земја и низ целиот континент со неодоливата насмевка и појава која плени, коментираат медиумите.

Треба да знаете
Последни објави