Search

Швајцарците гласаат дали сакаат раскинување на договорт за слободно движење со ЕУ

Швајцарските гласачи денеска одлучуваат дали сакаат да го поништат Договорот со ЕУ за слободно движење на луѓето, што е важен тест за ставовите кон странците, кои сочинуваат една четвртина од тамошната популација.

Укинувањето на Договорот со ЕУ за слобода на движење на луѓето, кој е на сила од 2002 година, го побара десничарската популистичка Швајцарска народна партија, а преку него би можеле да се загрозат уште шест билатерални договори со ЕУ. Раскинувањето на еден, значи автоматско раскунување на сите договори од таа група.

Договорите опфаќаат истражувања, земјоделство, технички бариери за трговија, јавни набавки, копнен транспорт и цивилен воздушен транспорт.

ЕУ како последица би можела да раскине и неколку други договори. Ова практично би значело крај на швајцарскиот модел за односи со Унијата. Затоа повеќето Швајцарци се против оваа иницијатива.

Анкетата на gfs.bern покажа дека 63 проценти од испитаниците се противат на предлогот на Швајцарската народна партија, а 35 проценти го поддржуваат, што укажува на тоа дека гласачите сакаат стабилност во време на економска неизвесност поради пандемијата на коронавирусот.

Покрај тоа, Швајцарците одлучуваат и за уште четири прашања: купување борбени авиони, породилно отсуство за татковците, измени на законите за лов и даночни олеснувања.

Треба да знаете
Последни објави