Search

Швајцарскиот парламент ќе расправа за укинување на статусот на ФИФА како непрофитна организација

Швајцарската Партија на зелените побара денеска на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) да и биде укинат статусот на непрофитна организација во оваа европската држава во која се наоѓа нејзиното седиште.

„Зелените”, кои се петта најбројна партија во Швајцарија најавија дека ќе поднесат барање во швајцарското Собрание за оданочување на ФИФА на ист начин на кој тоа се прави со компаниите со подеднаква големина.

-ФИФА не е непрофитно здружение, туку машина која заработува на кршење на човековите права. Да ставиме крај на даночните олеснувања за ФИФА”, порача Алина Треде од Зелената партија.

ФИФА се најде под остри критики во дел од западниот свет, откако на седум европски репрезентации кои настапуваат на Светското првенство во Катар им забрани на нивните капитени да носат на рацете лента со натписот „Една љубов”, кој симболизира почитување на толеранцијата и различноста.

„ФИФА со забраната за носење на лентата со натписот „Една љубов” (One love) ги мина сите граници”, истакна Треде од Партијата на зелените.

Треба да знаете
Последни објави